Од 25 октомври се укинуваат два воза дневно на релацијата Скопје-Битола-Скопје. Патниците од среда на оваа релација ќе можат да ги користат само возовите кои поаѓаат од Скопје во 14:30 часот и во 03:13 часот од Битола.
На официјалната страница на Македонски железници, без да наведат подетални информации, само пишува дека овие измени ќе важат се до нивно отповикување.
Оваа одлука доаѓа неколку месеци откако Железница ги укина сите четири пара возови на релацијата Скопје-Куманово-Табановце-Скопје за што жителите од Куманово и кумановско кои работат во Скопје жестоко реагираа.
Инаку, веќе со години нема возовите ни до Белград и Солун.
Текстот Возови од Скопје кон Битола и обратно од среда – само еднаш дневно е превземен од МАКФАКС.