ВМРО-Народна партија е загрижена за новонастаната ситуација низ Европа и соседството во однос на новите случаеви на Ковид, но и загрижена за недостатокот од информации за тоа каква е состојбата со Ковидот во Северна Македонија.
„Најновите вести од Австрија кажуваат дека во последниот период има повеќе заболени отколку кога беше пикот пред неколку години, во Бугарија во последното деноноќие се хоспитализирани околу 50 лица, а Србија известува за зголемување на бројот на заболени и хоспитализирани, но во Северна Македонија владее информативен мрак во однос на овој по се изгледа старо/нов проблем“, велат од ВМРО-НП.
Од таму не бараат да се воведат рестриктивни мерки, но велат, добро би било јавноста да има повеќе информации за тоа каква е состојбата во државата, но и да бидат информирани за тоа како можат соодветно да се заштитат, особено хронично болните лица.
Текстот ВМРО-НП: Во Северна Македонија владее информативен мрак за тоа каква е состојбата со Ковидот е превземен од МАКФАКС.