СДС и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма? Се спрема ли нов бонбона бизнис?, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, во Грција излегле информации во медиуми дека грчкиот електро преносен систем каде 24% сопственост има кинескиот електропреносен систем во државна сопсственост сака да го купи МЕПСО. Доколку власта се осуди на продажба на МЕПСО тоа ќе значи целосно губење на енергетската независност на Македонија.
СДС и ДУИ беа тие кои ја продадоа ЕСМ на само неколку месеци пред изборите во 2006 година, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ и велат дека „СДС и ДУИ се тие чии бонбона бизниси ги чинат граѓаните милиони“.
Власта да не влегува во нови авантури, МЕПСО е од стратешко значење за државата и негова продажба не носи никаква полза за Македонија и граѓаните, предупредуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ сакаат да го продадат МЕПСО на грчко – кинеска фирма е превземен од МАКФАКС.