ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Пендаровски е статистичка грешка, бледа појава, со уште побледи ставови

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Рејтингот на Пендаровски е статистичка грешка, бледа појава, со уште побледи ставови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се фрустрира од изјавите на претседателот Мицкоски, Стево Пендаровски да се запраша каде е коренот на неговиот личен рејтинг и непрепознатливост, ако се потруди сигурно ќе го најде кај неговиот поданички однос кон Ковачевски и Ахмети, кои многу пати до сега не му дозволиле да се согласи со сопствениот став, па мора да менува изјави согласно диктатот од Зајас или Илинденска.

Навистина е трагично во што се претвори Стево Пендаровски, а уште пожално е за позицијата која ја извршува“, реагираат од оваа партија.

Пендаровски, како што додаваат, е човекот кој сам кажа дека го составувал предлогот што прерасна во бугарски диктат за промена на Уставот, тој е човекот што трчаше да ги потпише измените во КЗ и слеп извршител на сите наредби на власта.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Пендаровски е статистичка грешка, бледа појава, со уште побледи ставови е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn