ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособниот Ковачевски Македонија има 50% повисока инфлација од Еврозоната

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Заради неспособниот Ковачевски Македонија има 50% повисока инфлација од Еврозоната, велат ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение. Оттаму додаваат дека Македонија е на дното во регионот и Европа гледано од перспектива на економски развој, заради Ковачевски поголем економски раст имаат и Косово, и Албанија и Црна Гора.

Македонија со 2.5% економски раст кој го прогнозира ММФ е 80% послаба од Црна Гора која има раст од 4.5%, 60% послаба од Косово чија економија расте со 3.8%, и 50% послаба од Албанија која има раст од 3.6%, наведуваат од опозициската партија и додаваат дека со оваа влада до крајот на годината над половина милион луѓе во Македонија ќе живеат во сиромаштија.

Според нив, потребни се коренити промени.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Заради неспособниот Ковачевски Македонија има 50% повисока инфлација од Еврозоната е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn