ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС го одра народот до гола кожа

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека владата со зголемувањето на ДДВ за производите кои секојдневно ги купуваат граѓаните, ќе го уништи стандардот уште повеќе. Инфлацијата, како што додаваат од таму, наместо да се заузда со овој потег на власта таа ќе се зголеми, сиромаштијата ќе се зголеми, а на сметка на тоа буџетот ќе се полни на грбот на народот.

„Со поскапувањето на детската храна, цвеклото, наполитанките, сирење, урда, фефероните, кашкавалот, не се поскапуваат никакви луксузни производи како што говореше власта, туку се прави измама преку која ќе се полни буџетот кој после ќе се троши за криминални тендери, или за луксузирање на функционерите од власта. Очигледно дека власта има двојни аршини, за народот сметаат дека урдата и сирењето треба да бидат луксуз, а за себе смета дека е нормално да јадат бифтеци, фстаци и морски плодови“, се истакнува во нивната реакција.

Оценуваат дека оваа криминална власт на ДУИ и СДС го одра народот до гола кожа. За тоа, според нив, мора да има одговорност.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Власта на ДУИ и СДС го одра народот до гола кожа е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn