ВМРО-ДПМНЕ: Анкетната комисија за канцер мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Анкетната комисија за канцер мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот. Аферата Диво месо го јаде системот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Документите кои дојдоа до ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека ФЗОМ нарачал и изготвил извештај од кој јасно се гледа дека скандалозното работење на Онкологија, основаните сомнежи за заработка на грбот на болните пациенти, и несоодветен третман на заболените од рак се случува и денес.

Лековите наместо кај болните, завршуваат надвор. Имено пациенти кои добивале лек, наместо да им биде аплициран во болницата за што им е наплаќано е изнесуван надвор.

Скандалот со Онкологија не само што треба да биде расчистен, туку и треба да запрат злоупотребите. Одговорност мора да има, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Анкетната комисија за канцер мафијата да продолжи со работа и да се прошири опфатот е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn