Македонскиот тренер Влатко Андоновски се врати во Канзас сити. Пред неколку месеци Андоновски ја напушти селекторската функција во женската репрезентација на САД, откако доживеа неуспех на Светското првенство.
Андоновски реши да се врати на местото на успехот, во Канзас, франшиза со која освои две титули во САД.
„Се враќам дома, се враќам во Канзас Сити, но уште поважно е дека се враќам во клуб која има јасна визија за патот по кој треба да се движи. Возбуден сум поради новиот предизвик“, изјави Влатко Андоновски на промоцијата.
Покрај тренерската функција во Канзас сити, Андоновски ќе биде и спортски директор.
Текстот Влатко Андоновски се врати во Канзас сити е превземен од МАКФАКС.