Властите во Словенија го осудија повикот на Јанез Јанша до луѓето да се вооружат: „Целосно неодговорно, ова е демократија!“

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Владејачката коалиција во Словенија денеска го осуди повикот на поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша луѓето да се вооружат, по пропалестинскиот митинг што се одржа во четвртокот во Љубљана.

Лидерите на партиите од владејачката коалиција го нарекоа неговиот повик „целосно неодговорен“, пренесе агенцијата СТА.

Тие во заедничкото соопштение велат дека повикот на поранешниот премиер, лидер на опозициската Словенечка демократска партија е во спротивност со напорите на меѓународната заедница. Јанша претходно на платформата Х (Твитер), по пропалестинскиот митинг напиша: „Работите стануваат сериозни“. Вооружете се, легално“.

Лидерите на владејачката коалиција порачаа дека Словенија е демократска земја заснована на владеење на правото со силни институции во служба на редот и безбедноста.

„Безбедноста на луѓето е на прво место, затоа Владата е активна во следење на состојбите и преземање на сите неопходни мерки. Го осудуваме ширењето на паника, омраза и популизам и го отфрламе повикот на вооружување. Ваквите повици се спротивни на модерната и демократска Словенија и не се во духот на Европа заснована на солидарност“, наведуваат од коалицијата.

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар исто така го осуди повикот на Јанша за оружје, велејќи дека таквите изјави треба да се третираат многу сериозно.

Текстот Властите во Словенија го осудија повикот на Јанез Јанша до луѓето да се вооружат: „Целосно неодговорно, ова е демократија!“ е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn