Вил и Џејда Смит не живеат заедно од 2016 година

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Муабетите за една од најпознатите холивудски парови сега може да прекинат: Џејда Пинкет Смит конечно потврди дека таа и Вил Смит веќе седум години се разделени, иако не се законски разведени.

Џејда во ново интервју откри дека таа и нејзиниот сопруг не живеат заедно од 2016 година.

„Живееме сосема одвоени животи седум години, но претходно не бевме подготвени јавно да ја откриеме веста,“ призна таа за „Ен-би-си“.

„Кога се разделивме, бевме исцрпени од обидувања,“ додаде таа.

Двојката сè уште живее одвоено, но не планираат да се разведат.

Џејда  (52) во клип од интервјуто за „Ен-би-си“ открива дека си ветила дека таа и Смит (55) никогаш нема да се разведат и, дека не можела да го прекрши тоа ветување.

„Мислам дека и двајцата сè уште бевме заглавени во нашата фантазија за тоа што мислевме дека треба да биде другиот,“ рече таа.

Интервјуто доаѓа пред објавувањето на нејзините мемоари, Worthy, следната недела.

Двојката се најде на насловните страници минатата година кога Смит упадна на сцената на „Оскарите“ и му удри шлаканица на водителот Крис Рок, викајќи му: не ја спомнувај мојата сопруга со твојата проклета уста.

Инцидентот се случи откако комичарот Рок се пошегува на сметка на ќелавата глава на Џејда Пинкет. Таа боледува од алопеција, состојба која предизвикува опаѓање на косата.

Во посебно интервју, Џејда изјави за „Пипл“ дека мислела дека тоа е скеч. Дури кога Вил почна да се враќа до своето седиште, сфатив дека тоа не е скеч,“ рече таа во интервјуто. „Ќе бидам покрај него, но и ќе му дозволам сам да го расчисти ова.“

Двојката се запозна во 1994 година кога Џејда беше на аудиција за ТВ-серијата „Свежиот принц од Бел-Ер“ базирана на животот на Вил Смит, а подоцна се венчаа во 1997 година.

Тие имаат две деца заедно – Џејден Смит и Вилоу Смит – и, Треј Смит, кој актерот го доби со неговата прва сопруга Шери Земпино.

Текстот Вил и Џејда Смит не живеат заедно од 2016 година е превземен од МАКФАКС.