Јужноафриканската пејачка Тајла ги привлече сите погледи на овогодинешната Мет Гала во необична креација.
22-годишната девојка пристигна во фустан од Balmain прекриен со песок, во комбинација со чанта во форма на песочен часовник.
Tyla is lifted up the stairs at the #MetGala. pic.twitter.com/XYpkS41WMG
— Variety (@Variety) May 6, 2024
На Тајла ѝ била потребна помош при качување по скалите поради оваа креација, а подоцна пет мажи носеле дел од нејзиниот фустан кој се влечел по подот. На прашањето дали воопшто би можела да седне во овој фустан, пејачката кратко одговорила: „Кому му е гајле, луѓе, јас сум слатка“.
Официјалниот дрес код за настанот беше „градината на времето“, а Тајла претходно објасни за Vogue дека нејзиниот фустан е инспириран од „песокот на времето“. Креативниот директор на Balmain, Оливие Рустинг, изјави дека е воодушевен од идејата за оваа креација.
„Инспирацијата за оваа креација дојде од желбата да се редефинираат границите и да се трансформира ефемерниот материјал во безвременско ремек-дело. Идејата ја разгоре мојата имагинација и не можев да бидам посреќен со крајот“, рече тој.
Текстот (Видео) 22-годишна пејачка на Мет Гала дојде во необична креација: и беше потребна помош при движењето е превземен од МАКФАКС.