(Видео) Јаревски: Дали власта планира продажба на МЕПСО, по истиот принцип, бонбона бизнис, како ЕЛЕМ, во 2006-та?

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Веќе втор ден како Владата се крие од јавноста, во врска со последните информации кои доаѓаат од Грција, дека се заинтересирани за купување на МЕПСО. Освен штурото соопштение на МЕПСО, каде не соопштија ништо околу информациите и потврдија дека за ваков чекор решава Владата, оправдано се појавуваат сомнежи и загриженост кај македонските граѓани, рече на денешната прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

Тој потсетува дека на сличен начин во 2006-та година, исто и како сега, неколку месеци пред катастрофалниот изборен пораз, СДСM и ДУИ, против волјата на народот, ја продадоа ЕВН – капитален државен ресурс.

– Овој чекор низ годините, многупати се покажа како негативен за државните интереси и за стандардот на граѓаните, додаде Јаревски и оттука ја праша Владата предводена од ДУИ и СДСM:

– Дали се точни информациите дека планираат продажба на МЕПСО?

– Дали се свесни дека со ова Македонија целосно ќе ја изгуби својата енергетска независност како држава, односно ќе зависи во тој дел, од друга странска држава?

– Зошто ова се прави во целосна тајност, непосредно пред избори каде повторно, исто како и во 2006 година, се свесни за изборниот потоп кој ги чека?

– Дали е ова уште еден класичен пример за корупција, како многу кои ги видовме низ годините, случај на „бонбона бизнис“ и провизии за поединци во државниот врв?

– Дали знаат дека додека секојдневно зборуваат за ЕУ, НАТО и Америка, со овој чекор 24% од македонскиот енергетски систем, би припаднал, во сопственост на кинеска државна компанија?

Текстот (Видео) Јаревски: Дали власта планира продажба на МЕПСО, по истиот принцип, бонбона бизнис, како ЕЛЕМ, во 2006-та? е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn