Репрезентацијата на Холандија направи голем чекор кон пласман на Европското првенство. Холанѓаните, во Атина, ја победија Грција со 1:0.
По поразот од Франција, пред три дена, Холандија мораше да слеви во Атина и тоа го направи.
Херој на Холанѓаните е капитенот Ван Дајк кој постигна гол од пенал во 93.минута. Претходно Вегхорст не искористи пенал во 28,минута, неговиот удар го одбрани Влаходимос, а Бергвајн во финишот на првиот и на почетокот на вториот дел не реализираше две добри шанси.
Холандија на тавелата се изедначи со Грција, двете репрезентации имаат по 13 бода, но Грците имаат и натпревар повеќе.
До крајот на квалификациите Грција ќе ја пречека Франција која веќе обезбеди пласман на ЕП, додека на Холандија ќе и биде поребна една победа од дуелите со Ирска и Гибралтар за да го потврди местото на континеталниот шампионат.
Грците ќе имаат можност во март наредната година преку баражот да изборат пласман на ЕП. Истото важи и за Босна и Херцеговина.
Босанците доживеаја дебакл за едно полувреме во Зеница. Во Ј групата, Португалија славеше со 5:0.
До 32.минута Португалците постигнаа четири гола, Роналдо постигна два, а по еден Бруно Фернандеш и Кансело. Конечниот резултат во финишот на првото полувреме го постави Жоао Феликс.
Foto/ EPA
Текстот (Видео) Холандија го слави Ван Дајк, Роналдо и дружината ја декласираа БиХ е превземен од МАКФАКС.