Сè уште гори пластика во компанијата „Драва интернешнл“ во Осиек, а од Општина Антуновац соопштија дека првите резултати од анализата за квалитетот на воздухот покажале дека има загадување.
Со оглед на тоа што имаше неповолни временски услови, смог и магла се спушти на подрачјето на општина Антуновац, се очекува препорака од Штабот за цивилна заштита, информираат од месната заедница. Се молат граѓаните да ги почитуваат издадените упатства и да не се изложуваат непотребно на отворен простор, пренесуваат хрватските медиуми.
Во Антуновац и во Ивановоц денеска нема настава, а пожарникарите се надеваат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот до изутрина.
Пожарникарот Горан Ивковиќ рече дека го намалиле интензитетот на горењето, но има големи наноси и не може да навлезат во длабочината на пожарот со средство за гаснење поради што чадот ќе трае со денови.
Мобилниот тим на загрепскиот наставен Институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ ги покажа резултатите од синоќа, кои покажуваат дека воздухот во Осиек и Брјесто не е загаден.
„Опасноста нема да помине ниту денеска, ниту утре, ниту задутре. Остануваат пловечки честички, кои на крајот ќе паднат на оддалеченост од местото на пожарот, што зависи од јачината на ветрот, и ќе ги контаминираат градините и населбите. Препорачувам луѓето да не го јадат тоа што останува на дрвјата и во бавчите, а доколку треба, добро да го измијат“, предупреди раководителот на жупаниската епидемиолошка служба, Никола Краљик.
Тој посочи дека најголемо количество честички отишле во атмосферата, но дека треба да се дисциплинира.
Текстот (Видео) Сè уште гори во Осиек: анализата покажа загадување на воздухот е превземен од МАКФАКС.