(Видео) Судијата во ПЛ суспендиран поради „Ливерпул е ср.ње, Клоп е пи..а“

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

На социјалните мрежи се појави видео на кое англискиот судија Дејвид Кут вулгарно зборува за Ливерпул и неодамнешниот тренер на „црвените“, Јирген Клоп.

На спорното видео 42-годишниот судија одговара на прашање на пријател какво мислење има за клубот од Енфилд: „Ливерпул е ср..е“, од приложеното би се рекло дека Кут не ги избирал зборовите.

Следуваше прашање за германскиот стручњак…

„Апсолутна пи..а“.

Набрзо објасни од каде е негативното мислење за Клоп.

„Ми се нафрли кога го судев нивниот натпревар против Барнли, ме обвини дека лажам, а потоа ми се нафрли. Не ме интересира да разговарам со некој што е толку еб.но арогантен. Јас лично се обидов да не разговарам со него“, додаде тој, а потоа го пофали тогашниот капитен на Ливерпул, Џејмс Милнер:

„Милнер е во коректен“, рече Кут, а потоа покажа слика со него додека ја извршуваше улогата на четврти судија.

Следуваше коментар за мерките за пандемијата, што укажува дека снимката е стара неколку години и за крај Кут го навреди Клоп на национална основа.

„Боже. Пи..а германска“.

Заедно со оваа „протече“ и видео на кое Кут истакнува дека снимените навреди кон Клоп никогаш не треба да ја видат светлината на денот.

Кут сега тврди дека видео материјалот е монтиран со помош на вештачка интелигенција.

Здружението на професионални судии води истрага за автентичноста на видеото, а Кут е суспендиран додека процесот на заврши. Ако се покаже дека не се работи за монтажа, Кут ќе мора да бара друга работа.

Кут и претходно беше обвинет дека е фан на Манчестер јунајтед, а на неговиот Фејсбук профил беа прикачени негови фотографии од Олд Трафорд.

Наскоро се докажа дека некој му го подметнал тоа, Заедницата објави дека Кут бил навивач на Нотс Каунти, член на четвртиот степен на англискиот фудбал.

Текстот (Видео) Судијата во ПЛ суспендиран поради „Ливерпул е ср.ње, Клоп е пи..а“ е превземен од МАКФАКС.