„Бунтовник со виолончело“ (Rebel with a Chello) е првата самостојна турнеја на познатиот хрватски музичар, а досега ги освои Прага, Будимпешта, Ереван, Бар, Атина, Лимасол, Бордо, Барселона, Мадрид, Лисабон, Дижон и Цирих.
Од секој концерт доаѓаат исти кадри – преполни сали и публика која е воодушевена од настапот на виолончелистот.
Дел од настапот во Лисабон, Португалија.
Во Мадрид во публиката беше и маестро Пласидо Доминго.
Хаусер ја продолжува турнејата на Стариот континент, а следни на ред се Рим, Милано, Фиренца, Јесоло. На 25 октомври „бунтовникот со чело“, како што самиот се нарече во името на турнејата, ќе дојде во загрепската арена, каде локалната публика ќе може да ужива во аудио-визуелно шоу.
Славниот виолончелист, кој стана познат како дел од дуото 2 Cellos („Ту челос“), постојано објавува интересни видеа на социјалните мрежи каде ги презентира своите музички способности.
Текстот (Видео) Стјепан Хаусер распродава арени низ цела Европа е превземен од МАКФАКС.