(Видео) Српскиот тренер еуфорично ја прослави првата победа во НБА лигата

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Торонто Репторс со победа против Минесота (97:94), ја започна новата сезона, а триумфот имаше посебно значење за Дарко Рајаковиќ, човекот кој летово ја доби довербата од челниците на клубот да ја води единствената канадска франшиза во НБА.

Четириесет и четиригодишниот тренер од Чачак, првата победа во НБА лигата еуфорично ја прослави во соблекувалната. Кошаркарите на Торонто Репторс препознаа колку му значи триумфот и веднаш го полија со вода.

Тренерот потоа го пофали Денис Шрудер кој беше најефикасен во првиот натпревар од сезоната.

Текстот (Видео) Српскиот тренер еуфорично ја прослави првата победа во НБА лигата е превземен од МАКФАКС.