Александар Митровиќ (29), најдобриот стрелец во историјата на Србија со 57 гола на 85 настапи за националниот тим, игра во голема форма откако пред два месеци се пресели во Ал Хилал. Новиот клуб на Нејмар на Фулам му плати 53 милиони евра обештетување за Митровиќ. За возврат доби голгетер кој одлично го компензира отсутвото на бразилска ѕвезда. Поради повреда Нејмар ја заврши сезоната.
Митровиќ постигна три гола во победата на Ал Хилал над Мумбаи сити (6:0) во третото коло од азиската Лига на шампиони. Тој успеа да го постигне она што се нарекува „совршен хет-трик“: по еден гол со леви десна нога и со глава.
Неговиот последен гол е ремек дело бидејќи го постигна со ножички. Феноменалниот настап го заокружи со една асистенција.
Митровиќ во последните шест дена постигна шест гола за Србија и Ал Хилал. Тој ја започна фантастичната серија со два гола против Црна Гора во евроквалификациите, потоа со еден гол против Ал Калиј во саудискиот шампионат и хет-трик против Мумбаи сити. Во првите 12 натпревари за Ал Хилал, Митровиќ постигна 11 гола.
It’s Aleksandar Mitrovic’s world, we’re just living in it.
What a way to bring up his hat-trick for Al Hilal vs Mumbai City in the AFC Champions League
His second hat-trick since moving to Saudi. 11 goals in 13 games across all comps.
#ACL2023 pic.twitter.com/nTjqdEvJrs — Sacha Pisani (@Sachk0) October 23, 2023
Текстот (Видео) Совршен хет-трик на Митровиќ е превземен од МАКФАКС.