(Видео) Совршено деби за Лилард, Леброн му пресуди на Феникс

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Два одлични натпревари се одиграа ноќта меѓу четвртокот и петокот во НБА лигата и двата ги добија домашните екипи во возбудлива завршница. Милвоки ја совлада Филаделфија со 118:117, додека Лос Анџелес Лејкерс го победи Феникс со 100:95.

Демијан Лилард имаше совршено деби за Бакс пред публиката во Висконсин. Лилард постигна 39 поени и беше најзаслужен за триумфот на својот тим. Екс бекот на Портланд постигна 11 поени во последните три минути, покрај тоа, додаде осум скока и четири асистенции.

Филаделфија имаше предност од 102:94 на седум минути пред крајот на натпреварот, но Ембиид и неговите пријатели не можеа да ја завршат работата. Со серија од 17:2, Милвоки дојде до 113:104 и без проблем го доби мечот, иако Мелтон со тројка со звукот на сирената намали на само еден поен разлика.

Покрај Лилард, во победничкиот тим се истакна Адетокунбо со 23 поени и 13 скока, додека Брук Лопез имаше 13 поени. Во редовите на Филаделфија, Макси стигна до 31, Убре 27, а првата ѕвезда на тимот Џоел Ембиид забележа 24 поени и седум скока.

Лејкерси го добија Феникс без Букер и Бил благодарение на одличната одбрана во последниот дел и инспирираниот Леброн Џејмс. Пред последните 12 минути Санс имаа 12 поени предност, но во 10 минути од четвртата четвртина постигнаа само три поени, тројка на Кевин Дурент.

Тимот од Лос Анџелес полека ја намалуваше разликата, а потоа направи пресврт во мечот, најмногу благодарение на Џејмс кој во самата завршница постигна 10 поени. Леброн стигна до 21 поен, осум скока и девет асистенции. Дејвис беше најефикасен во редовите на победниците со 30 поени и 12 скока.

Со гостите од Аризона, Дурент го презеде целиот товар на себе. Тој стигна до 39 поени и 11 скока. Најдобро го следеа Гордон со 15 и Годвин со 14 поени. Јусуф Нуркиќ имаше само четири поени со девет скока.

Текстот (Видео) Совршено деби за Лилард, Леброн му пресуди на Феникс е превземен од МАКФАКС.