(Видео) Селена Гомез им одговори на луѓето кои ја навредуваат поради нејзиниот изглед: Јас сум само човек

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пејачката и актерка Селена Гомез и нејзиниот колега Дејвид Хенри беа на промоцијата на продолжението на комедијата на Дизни Wizards of Waverly Place во Лос Анџелес.

Селена на настанот дојде во тесен црвен фустан, а хејтерите потоа коментираа дека изгледа како да е бремена, иако претходно изјави дека никогаш нема да може да остане трудна.

По тој настан, Селена присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм Емилија Перез на Фестивалот на американскиот француски филм во Лос Анџелес. Видеото од Селена во црн фустан како го покрива стомакот со рацете стана вирално на TikTok. Луѓето коментираа дека пејачката и актерка со таа поза се обидувала да го сокрие своето тело.

@badtakesbyclyde selena gomez addressed her weight after pregnancy rumors #fyp #selenagomez #bennyblanco #emiliaperez ♬ Bienvenida (from “Emilia Pérez”) – Selena Gomez

Свесна за коментарите за нејзиниот изглед и стомак, Селена одговори на нив и рече дека страда од прекумерен раст на бактериите во тенкото црево (SIBO).

„Ми се гади од ова. Имам СИБО во моето тенко црево. Се разгорува. Не ми е гајле ако не личам како фигура. Немам такво тело и крај на приказната. И не, јас не сум жртва, јас сум само човек“, напиша Селена.

Текстот (Видео) Селена Гомез им одговори на луѓето кои ја навредуваат поради нејзиниот изглед: Јас сум само човек е превземен од МАКФАКС.