Новиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски ги слушна граѓаните кои му се пожалија што се доведени во состојба да се понижувани и да плаќаат за документи кои уште им се важечки.
„Како во логор, чекавме и вчера 9 часа, чекаме и денес“. се дел од коментарите на граѓаните.
Тошковски денешниот работен ден го започна со посета на пунктот за промена на лични документи без закажување во ПС „Пролет”, за лично да изврши увид во работата на пунктот и да ја утврди фактичката состојба.
Тој праша зошто поголемиот дел од пунктовите стојат празни, на што вработените одговорија дека многу од колегите ги нема, нема доволно кадар, а тие се преоптеретени. Тој им се извини на сите присутни граѓани и порача дека ќе има решение.
„Недостасува кадар, преоптеретени се со работа“, му кажаа вработеин на Тошковски.
Текстот (Видео) Новиот министер Тошковски го посети пунктот за сликање во Пролет: Зошто не функционираат сите 12 пунктови? е превземен од МАКФАКС.