
Утрото во Србија беше одбележано со серија тешки сообраќајни несреќи во кои неколку лица беа повредени, а главната причина за повеќето од овие судири беше мразот. Особено критично беше во Белград, поради поголемиот обем на сообраќај, каде на повеќе места имаше верижни судири.
Најпрвин се случи несреќа на обиколницата околу Белград, недалеку од Остружница, кога избувна огромен пожар на камион со кој се превезуваа автомобили. Пожарот ја зафатил приколката, причинета е голема материјална штета, додека не се знае дали има повредени.
Уште во мугрите имаше дури два верижни судири на новиот мост над Ада. Во првата сообраќајка учествувале три возила, додека во втората автобус на и два автомобили. Во оваа сообраќајка се повредени дури четири лица.
Еден од автомобилите по судирот завршил на покривот.
Уште една сообраќајка се случила околу седум часот на мостот Душановац. Автобус бил удрен од автомобил одзади. Нема повредени. Автобусот се излизгал поради мразот на коловозот и потоа двете возила дошле во контакт.
Текстот (Видео) Мразот во Србија предизвика општ колапс, верижни судири и превртување возила на повеќе локации е превземен од МАКФАКС.