(Видео) Мицкоски: Да не навлегуваме во замката на бугарската предизборна кампања

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Потпретседателот Александар Николоски даде одговор на тезата на Борисов, јас немам што повеќе да додадам, кажа премиерот Христијан Мицкоски од Штип во одговор на новинарското прашање како го коментира барањето на Борисов за оставка на Николоски.

„Ќе треба да си го гледаме нашиот интерес како држава, да не влегуваме во замката на нивната предизборна кампања и реториката која што е дел од предизборната кампања во Бугарија. Жалам што во отсуство на сериозна визија, проекти, стратегија и политики, главна тема во Бугарија сакаат да биде Македонија и македонското прашање, но тоа е нивни избор, не е наш избор“, рече Мицкоски.

Тој им посака успешна кампања и избор на стабилна влада.

„Конечно по седми пат да изберат стабилна политичка влада со која што ние како македонска влада ќе можеме да градиме вистински добрососедски односни и заеднички да чекориме кон патот на целосна интеграција на нашата земја во рамките на ЕУ. Тоа се очекува од добри соседи и затоа постои договор кој што е наречен добрососедски договор“, додаде премиерот.

Текстот (Видео) Мицкоски: Да не навлегуваме во замката на бугарската предизборна кампања е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn