(Видео) Митева: Според проекциите на ММФ, Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

„6-те години власт на СДС и ДУИ ја направија Македонија рекордер по сиромаштија, затворени фирми и пропадната економија. Поразителни се бројките на експертите кои говорат дека до пред само неколку години бројот на наши сограѓани кои биле во сиромаштија бил 360.000, а сега до крајот на 2023 година таа бројка се очекува да се искачи на 510.000. Тоа се скоро 30% од луѓето кои живеат во државата“, рече Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со Ковачевски и Груби, 510.000 наши сограѓани живеат на работ на сиромаштијата, додека тие делат бизниси и распишуваат милионски тендери. Последиците се очекувани особено ако се погледнат економските политики и резултати мерени од страна на домашни и странски институции.

Имено, во 2022 година затворени се 6.857 компании, од кои 5 се големи компании со над 250 лица вработени во нив, 3 се средни компании и остатокот се микро претпријатија, кои прехранувале најмалку уште толкав број на семејства.

Додека Македонија со оваа власт тоне може да се заклучи и од најновата проекција на економскиот раст за земјите од регионот објавена од ММФ. Според најновите проекции на ММФ Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора и овие држави годинава ќе ја завршат со над 50% поголем економски раст.

ММФ прогнозираше раст на македонската економија од 2.5% за оваа година, а во исто време проекцијата за Албанија е 3.6%, што е за 50% повеќе од Македонија. Растот пак на економијата на Црна Гора за оваа година од страна на ММФ се прогнозира дека ќе биде 4.5%, тоа е за 80% подобар резултат.

Поради неспособната влада Македонија останува и зад Косово, за чија економија проценката е дека ќе расте 3.8%.

И сето ова почитувани завршува со високата инфлација за што директно виновна е власта на СДС и ДУИ и внимавајте, инфлацијата во Македонија е за 50% повисока од таа во еврозоната.

Нема економски параметар по кој Македонија не е на дното. Со СДС и ДУИ дното секој ден добива ново значење“, изјави Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот (Видео) Митева: Според проекциите на ММФ, Македонија е последна, зад Косово, Албанија и Црна Гора е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn