(Видео) Митева: Одлуката на ЕУ потврдува дека никој не сака да седи на иста маса со криминалците од СДС и ДУИ

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одлуките на вчерашниот Самит во Брисел покажаа дека Ковачевски и Османи водејќи погрешна надворешна политика ја донесоа Македонија во очајна ситуација. Почетокот на преговорите за Украина и Молдавија е чекор кој ВМРО-ДПМНЕ го поздравува, но воедно покажува дека Македонија заслужува почеток на преговорите со ЕУ веднаш, оцени портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Она што, според неа, е најголем пораз за Македонија, е Ковачевски кој деновиве во Брисел наместо да лобира за старт на преговорите тој лови руски коалиции и кажува измислици.

На Македонија, вели таа и треба премиер кој се бори за кауза, наместо политиканство. Очекуваме да води јасна политика и од ЕУ да побара итен почеток за преговори.

„Граѓаните со право го имаат впечатокот, дека Македонија не се изборила за поповолна позиција, како што тоа го направи Украина со сите свои недостатоци.

Веќе три декади Македонија и македонскиот народ се жртва на слаби политичари, кои не знаат да се изборат за националните интереси.

ЕУ веднаш. Ако власта беше способна да ја убеди ЕУ во вистинските вредности, за борба против криминалот и корупцијата, тогаш Бугарија не би била пречка. Но недвосмислено се потврдува дека политичарите од ЕУ и европските држави, не сакаат да седат на иста маса со криминалците од СДС и ДУИ.

Македонија не е функционална држава, системот е пропаднат, институциите разнишани, економската стабилност не постои. Сосема е лесно да ги идентификуваме главните причини поради кои Македонија не ги започна преговорите со ЕУ“, истакна Митева.

Според неа, власта на Ковачевски и Ахмети ги има сите точки на спојување на политичка корупција, па затоа во право е Бујар кога вели дека темни анти европски сили држат во заложништво 2 милиони граѓани. Некои од нив се и на “темни” листи, како Рамиз Мерко, а некои како Талат го злоупотребуваа европското знаменце за Лотаријата на ДУИ.

„Ако СДС е толку европска партија, и тврди дека Македонија нема друг проблем за почеток на преговорите освен Бугарија, тогаш зошто Ковачевски и Маричиќ не предложија Бугарија да ја напушти собата на кратко, но поважно е да одговорат, зошто претставниците на ЕУ не ни помислуваат да предложат вакво нешто за Македонија.

Одговорот е едноставен, сите европски чинители лоцираат епидемија на корупција во Македонија, лоцираат дека владината гарнитура е недопирлива, а судската власт е нивен заштитник. Жалиме што Македонија и македонските граѓани се жртва на криминалната власт на СДС и ДУИ.

Со силна дипломатија, со чесна политика, и длабоки реформи ќе ја вратиме Македонија достоинствена на евроинтегративниот пат“, дополни Митева.

Текстот (Видео) Митева: Одлуката на ЕУ потврдува дека никој не сака да седи на иста маса со криминалците од СДС и ДУИ е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn