(Видео) МВР изврши ништење на експлозивни средства кои потекнуваат од кривични дела на полигонот „Пенуш“

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Во текот на вчерашниот ден на воениот полигон „Пенуш“, штипско, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Единица за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, изврши уште едно успешно ништење на различни видови мински и експлозивни направи и материи.

Овие мински и експлозивни средства пред сѐ се предмети кои потекнуваат од кривични дела, запленети во текот на прегледи или претреси, а по претходно издадени судски наредби.

Имено, ова ништење на експлозивни средства на воениот полигон „Пенуш“ беше реализирано во координација со Одделот за специјални полициски операции и СВР Штип со вкупно четири контролирани експлозии.

Текстот (Видео) МВР изврши ништење на експлозивни средства кои потекнуваат од кривични дела на полигонот „Пенуш“ е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn