(Видео) Лилард дебитираше, Милвоки ги победија ЛА Лејкерс

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Кошаркарите на Милвоки ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 108:97 во контролен натпревар пред стартот на сезоната во НБА лигата.

Во тимот на Милвоки Бакс играше и најголемото засилување Демиен Лилард, кој го одигра првиот натпревар во дресот на новата франшиза.

Во своето деби за Милвоки, Лилард постигна 14 поени за 22 минути, додека најефикасен беше Јанис Адетокумбо со 16 поени и осум скока.

На другата страна, во отсуство на Леброн Џејмс, најдобар беше Ентони Дејвис со 16 поени и седум скока, Деанџело Расел имаше 11 поени, а Кристи додаде десет поени.

Текстот (Видео) Лилард дебитираше, Милвоки ги победија ЛА Лејкерс е превземен од МАКФАКС.