(Видео) Легија објави видео од апсењето на Панков и Жосуе

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалскиот клуб Легија од Варшава објави во компилација од 30 минути, објави преглед на настаните во Алкмар минатата недела на својот официјален канал на Јутјуб.

По натпреварот со локалниот АЗ во Лига Европа, делегацијата на Легија влезе во пресметка со припадниците на органите на редот.

Во целата таа ситуација најлошо поминаа Радован Панков и капитенот Жосуе кои ноќта ја минаа во притвор.

Холандската полиција тврдеше дека двајцата ги нападнале припадниците на обезбедувањето и дека на еден од нов му ја скршиле раката. Тие двајца наредноот ден беа ослободени и веднаш се вратија во Полска.

Да потсетиме, при овој инцидент претседателот на клубот Дариуш Миодуски се здоби со полесни повреди, тој бил удрен со пендрек од полицијата. И покрај тоа, тој ги повика навивачите на холандскиот клуб да дојдат на реваншот во Варшава.

Делот од апсењето започнува околу 21. минута.

Текстот (Видео) Легија објави видео од апсењето на Панков и Жосуе е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn