(Видео) Кошаркарски судија среде натпревар ги скина лигаментите

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Српскиот кошаркарски судија Александар Глишиќ се здоби со тешка повреда на натпреварот меѓу Тенерифе и ВЕФ Рига во Еврокипот.

Глишиќ само падна во текот на играта, веднаш им беше јасно на играчите околу него дека се работи за тешка повреда.

Српскиот судија ги скина вкрстените лигаменти и откако му беше укажана помош на теренот, на носилки беше изнесен од салата.

Се се случи во третата четвртина од натпреварот. Глишиќ само се сопна додека се обидуваше да сигнализира неспортски фаул и додека сеуште беше во движење.

Текстот (Видео) Кошаркарски судија среде натпревар ги скина лигаментите е превземен од МАКФАКС.