
Во изминатите години СДСМ на дело покажа како се вреднува одговорната работа на наставниот кадар во образованието.
Од 2017 година до денеска СДСМ ги зголеми платите на наставниците за 55 %. Само во септември платите на наставниците се покачени 15 отсто, истакна на денешната прес-конференција Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.
„Со зголемени почетни плати, коефициент на сложеност и минат труд, платите на наставниците со искуство денеска достигнуваат над 40.000 денари.
Од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор, првпат по 20 години.
Дополнително, од в година регресот за годишен одмор ќе биде 30 % од просечната плата.
Резултатите на СДСМ, за разликата од лошите, погубни политики на ДПМНЕ во образованието, се јасни и очигледни“, истакна таа.
СДСМ, како што рече, за 6 години ги покачи платите на наставниците 55 отсто, а ДПМНЕ за 11 години само 4 проценти. ДПМНЕ, според неа, ги понижуваше наставниците и го рушеше нивното достоинство.
Оцени дека платите во образованието растат значително и ќе продолжат, како што најави, да растат и понатаму.
Текстот (Видео) Колева: СДСМ им ги покачи платите на наставниците 55 отсто, ги вреднуваме трудот и одговорната работа е превземен од МАКФАКС.