„Вчера, граѓаните повторно беа вознемирени и потресени од мафијашките пресметки што со МВР на Спасовски станаа сè почеста појава. Среде бел ден, во трговски центар во центарот на Скопје, вооружен напаѓач пука од пиштол и тешко повредува две лица. Настанот се случува во трговски центар, каде што има голем број камери, како и голем број минувачи, кои биле во непосредна близина на настанот, а напаѓачот сè уште не е пронајден и лишен од слобода“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„МВР под раководство на Спасовски е до толку неспособно што не може да расчисти настан што се случил во центарот на главниот град, каде што постојат голем број можности за идентификација и лоцирање.
МВР, раководено од Оливер Спасовски, доживува целосно фијаско. Уште пофрапантно е што полицијата предводена од Спасовски не го превенирала настанот иако неколку дена претходно е најавено убиство на социјалните мрежи на едно од лицата што се повредени.
На кое дереџе Оливер Спасовски и СДС го донесоа МВР – на толку многу вработувања и фалење од страна на Спасовски, дојде ред од граѓаните да бараат помош за препознавање на лицето што пукало во трговскиот центар.
Спасовски е целосно неспособен да гарантира јавен ред и мир. Поради колапсот на безбедносниот систем под раководство на Спасовски, Македонија е тема и во балканските медиуми во одделот ‘Црна хроника’. Спасовски мора да си поднесе оставка веднаш“, изјави Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот (Видео) Ковачки: МВР на Спасовски не може да го пронајде напаѓачот иако пукањето се случило во трговски центар е превземен од МАКФАКС.