(Видео) Ковачевски: Со политиките на СДСМ ги добивме сите битки, наша следна политичка борба е за европска иднина

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Ги добивме досега сите битки со државничките политики на СДСМ и про-европската коалиција, политички и економски а нашата следна политичка битка е борбата за европска иднина, порача денеска претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во обраќање пред граѓаните на народниот собир во манастирот св.Димитрија во Селце, прилепско.

-Во 1991-та година обезбедивме независност. Во 1993-та година државата стана членка на Обединетите нации. Во 2016-та година совладавме режим. Во 2017-та година ја обновивме демократијата. Во 2020-та година станавме членка на НАТО. Во 2022-та година започнавме преговори со ЕУ, по цели 17 години од добиениот кандидатски статус при што македонскиот јазик, идентитет, култура, посебност ги заштитивме и ги обезбедивме. Денеска Македонскиот јазик е на исто рамниште со јазиците на земјите членки на ЕУ.

Исто така, извојувавме и економски битки преку социјалдемократските политики со кои го штитиме стандардот и го приближуваме кон европскиот. Нашиот народ тоа многу добро го знае, додаде Ковачевски.

-Во време на три глобални кризи, ковид пандемија, енергетска, економска глобална криза, успешно се справивме и го заштитивме стандардот на граѓаните, го помогнавме компаниите, земјоделците, ранливите. Прилеп и прилепско многу добро го знае тоа, затоа што во кризна година обезбедивме рекордна откупна цена на тутунот од 290 денари по килограм, рече Ковачевски.

Но, пред нас è уште една битка: македонската држава да стане европска држава, потенцираше тој.

-Непокорот и слободата се во македонскиот ген. Исто како и желбата за напредок, за подобра иднина, да бидеме рамо до рамо, со големите државотворни европски народи Нашата борба, на оваа генерација е да го исполниме аманетот на Илинден, АСНОМ и НОБ, да обезбедиме подобра иднината за нашата убава татковина. Тоа е политичката борба за европска иднина! Сите македонски граѓани да бидат европски граѓани, со поголеми плати, со поголем животен стандард, со европски квалитет на живот. Да седиме на големата маса, рамо до рамо со големите европски народи и самите да одлучуваме за себе а не друг да ни крои капа. Младите да ги сочуваме во земјата, бидејќи тие се иднината на државата. Никој, никогаш повеќе да не биде принуден да зема пасоши на други земји или да ја бара својата егзистенција надвор, по светот, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски.

Текстот (Видео) Ковачевски: Со политиките на СДСМ ги добивме сите битки, наша следна политичка борба е за европска иднина е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn