(Видео) Ковачевски: Да ги усвоиме уставните измени и може да одиме на избори

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Терминот за парламентарните и претседателските избори се дефинирани согласно Закон. Барањето на Мицкоски е уште едно барање за ставање на институциите, на процедурите и законите на страна и договарање на некакви маси на нешто што е регулирано со закон. Ние сме имале лидерска средба може да имаме и повторно меѓутоа и тоа прашање е апсолвирано веќе со оглед на тоа дека ние имаме поважен процес во државата од избори кои ќе бидат во својот редовен термин а тоа е носењето на одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата, рече денеска во одговор на новинарско прашање претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на прес конференција по завршување на Самитот на Европската политичка заедница во Шпанија.

„Јас ја видов изјавата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Сакам да му одговорам на првиот дел од неговата изјава во која што тој споменувше автори од делот на психотерапијата. Сметам дека проблемите на Северна Македонија се многу помалку од психотерапевска природа, односно тие се многу повеќе проблеми од гастро ентеро-патолошка природа со оглед на блокадите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во Собранието и во носењето на одлуките за интеграција на нашите граѓани и на нашата држава во ЕУ. Што се однесува до самите избори, изборниот законик и до набљудувањето на изборите прво парламентарните избори се дефинирани согласно закон исто како што се дефинирани и претседателските избори со закон. Во однос на измените на изборниот закон и тоа добро го знае претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во рамки на Министерството за правда работи работна група за измени на изборниот законик која што ја предводи господинот Новаковски кој што е искусен правник и е поранешен член на ДИК. Во таа работна група учествуваат претставници на сите политички партии освен претставник на ВМРО-ДПМНЕ по нивна волја. Иако кога се формираше работната група не само што беа повикани, туку и беше понудено претседател на комисијата да биде предложен од ВМРО-ДПМНЕ меѓутоа тие одбија“, одговори Ковачевски на новинарско прашање.

„Ова барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е уште едно од низата барања за да ставање настрана на институциите во државата, ставање настрана на Парламентот во државата, ставање настрана на процедурите и законите и договарање на некакви маси на нешто што е регулирано со закон.

Кај нас точно е дефинирано кога ќе се одржат претседателски избори кога ќе се одржат парламентарни избори во нивните редовни термини.

Во однос на набљудувачките мисии исто така треба да знае ако не знае дека штом ќе се распишат изборите било да се тие претседателски или парламентарни избори тогаш се испраќа од МНР барање до ОБСЕ-ОДИХР да испрати долгорочна мисија која што го набљудува целиот процес на подготовка на изборите, а со почетокот на изборната кампања и одржувањето на самите избори доаѓа набљудувачка мисија теренска која што ги надгледува изборите и нивното одржување и потоа поднесува извештај.

Така да штом ќе бидат распишани изборите кога тоа претседателот на Собранието ќе го направи тогаш ќе бидат спроведени и сите овие постапки.

Што се однесува до лидерски средби, ние сме имале лидерска средба може да имаме и повторно каде што нормално ќе учествуваат сите лидери бидејќи одлуките за избори се носат со консензус меѓутоа и тоа прашање е апсолвирано веќе со оглед на тоа дека ние имаме поважен процес во државата од избори кои ќе бидат во својот редовен термин бидејќи веќе никој не зборува за предвремени избори, а тоа е носењето на одлуките за продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата.

Што значи дека и таа понуда се уште важи дека можеме уште во понеделник да закажеме седница на Собранието на кои ќе бидат изгласани уставните амандмани и истиот ден да се закажат избори и да одиме на избори. Зборувам за предвремени парламентарни.

Истоа така на маса е и другиот предлог, а тоа е да се отпочне процесот за уставните измени, за ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од Владата исто така како што бараа и прифатија на прес конференција, да се подготват изборите. При тоа да биде завршен и скринингот да бидат отворени поглавјата од првиот кластер да затвориме едно или две поглавја и потоа да одиме на претседателски и на парламентарни избори. Што секако би претставувало некаков договор во однос на најважното прашање кое што го имаме за граѓаните и за државата. Се друго е разговор на теми кои што му значат само на некого кој што сака без политичка програма да оди на избори. На претседателските избори повторувам пак дека кандидатот на европската коалиција ќе биде победничкиот кандидат. Подоцна на парламентарните избори повторно европската коалиција ќе ја предводи Владата која што ќе ја внесе земјата во ЕУ и конечно нашите граѓани нема да мораат да одат во ЕУ и да работат во ЕУ со пасоши на други држави туку ќе работат во своја земја Северна Македонија членка на ЕУ со многу поголем плати, со многу поголем животен стандард со подобри услови итн“, додаде премиерот Ковачевски.

Текстот (Видео) Ковачевски: Да ги усвоиме уставните измени и може да одиме на избори е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn