(Видео) Итната помош со вклучени сирени утрово протестира за поголема плата заедно со административно-техничкиот персонал

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Со вклучени сирени возилата на Итната медицинска помош од многу градови во земјата утрово го поддржаа протестот за 30 % поголема плата, нов колективен договор, бенефициран стаж, покачување на додатокот за инфекција од 1 на 4 % и трансформација на договорите на определено во договори на неопределено време на здравствените работници и за административно-техничкиот персонал.

За време на паузата од 10.30 до 11 часот, здравствените работници во земјата излегоа пред здравствените установи за да искажат револт од игнорантскиот однос на надлежните.

Протестите продолжуваат, кусо изјави Боби Бојчевски од Независниот синдикат

Боби Бојчевски од Независниот синдикат на здравствените работници, во чија организација беше протестот, излезе пред Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.

Здравствените работници излегоа пред здравствените установи од 10.30 до 11 часот

„Протестите продолжуваат“, најави Бојчевски и се заблагодари за големиот одѕив на повикот за протест.

Здравствените работници и административно-техничкиот персонал не се задоволни од покачувањето од 10 % и инсистираат Министерството за здравство официјално да одговори на нивните барања, кои се доставени на почетокот на месецот, но сè уште немаат одговори.

Текстот (Видео) Итната помош со вклучени сирени утрово протестира за поголема плата заедно со административно-техничкиот персонал е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn