Полицијата во координација со Комисијата за оценување на исполнетост на условите по однос на простор, опрема и кадар за одгледување на канабис за медицински цели, беше извршена вонредна контрола и претрес врз основа на наредба за претрес издадена од Основен суд Гостивар во правно лице во село Врапчиште, гостиварско, кое поседува одобрение за одгледување на канабис за медицински цели.
При влез во правното лице бил затекнат М.П (35) државјанин на Р.Албанија, кој извршувал работни задачи иако не е вработен во правното лице и истиот нема регулиран влез и престој во државата. По преземени мерки, во станот каде што престојувал, пронајдени се марихуана и шприц со хашиш смола.
Истиот ден М.П. со кривична пријава е предаден во ОЈО Гостивар.
Поради постоење на сомнение дека фирмата има засадени растенија канабис на парцела за која нема добиено дозвола, за време на претресот било присутно вешто лице од областа на геодезија, кој по претходно издадена наредба од јавен обвинител од ОЈО Гостивар, извршил увид на лице место и обележување на граници на катастарски парцели.
Согласно наодот и извештајот на вештото лице, утврдено е дека правното лице има насади на канабис растенија на парцела за која не поседува соодветна документација, односно не добило дозвола за садење на канабис растенија на наведената парцела.
По дадени насоки од ЈО на 07.10.2023 на наведената парцела е утврдено дека се посадени 1053 канабис растенија кои се одземени. По комплетирање на целокупната документација од страна на ОВР Гостивар до ОЈО Гостивар ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за правното и одговорното лице.
Текстот (Видео) Запленети 1.053 стебла канабис од фирма во гостиварско, биле засадени без дозвола е превземен од МАКФАКС.