Foto/ EPA
Единственото нешто што требаше да се реши во Лига Европа во терминот на натпреварите од 18:45 часот беше поредокот во Ф групата. На крајот Виљареал го освои првото, Рен второ, Макаби Хаифа од третата позиција ќе продолжи во Конференциската лига, а сезоната во Европа заврши за Панатинаикос. Во групите Е, Г и Х се беше јасно и пред одигрувањето на последното коло.
Виљареал славеше на гостувањето против Рен со 3:2, во директна пресметка за првото место во групата. Макаби избори пласман во Конференциската лига со победата од 2:1 на гости кај Панатинаикос.
Виљареал поведе во Франција во 36. минута со голот на Морено од пенал, но само минута подоцна Рен израмни преку Асињон.
Акомах му донесе ново водство на Виљареал на додавањето на Морено во 63. минута, а одговорот на домашните и овојпат беше релативно брз. Блас во 79. минута погоди на додавање на Немања Матиќ за ново израмнување.
Не му требаше ниту минута на Виљареал повторно да поведе. Овојпат по голот на Перех немаше одговор од домашните и тоа остана конечниот резултат.
Макаби во директна борба со Панатинаикос го освои третото место победувајќи со 2:1.
Давид во 20. и Кајери во 74.минута беа стрелци за тимот од Хаифа. Стрелец за домашниот тим беше Јоанидис во 89. минута.
Во останатите натпревари, а Ројал Унион Сен Жилоа го совлада Ливерпул со 2:1. Јирген Клоп во Белгија настапи со комбиниран тим, така што поразот на Ливерпул не е изненадување.
Рома го совлада Шериф со 3:0, Баер го победи Молде со 5:1, ЛАСК беше поразен од Тулуз со 1:2 на домашен терен, Карабаг беше подобар од Хакен со 2:1, а Славија Прага подобра од Серевет со 4:0.
Натпреварувањето во Лига Европа продолжува за Ливерпул, Тулуз, Виљареал, Рен, Славија Прага, Рома, Баер Леверкузен и Карабаг.
Во Конференциската лига ќе бидат Ројал Унион, Макаби Хаифа, Серевет и Молде.
Текстот (Видео) Виљареал победи кај Рен за прво место во Ф групата, комбинираниот Ливерпул поразен во Белгија е превземен од МАКФАКС.