Помина речиси цела година откако репрезентацијата на Сан Марино го постигна последниот гол на еден натпревар. Тоа беше на 17 ноември минатата година во пријателскиот натпревар (1:1) со Сент Лусија. На официјален натпревар Сан Марионо последниот гол го постигна пред нешто повеќе од две години, на 5.септември 2021 година во поразот 1:7 од Полска.
По пријателскиот натпревар со Сент Лусија, фудбалерите на Сан Марино не постигнаа гол, а примија 25.
Синоќа тие имаа луда прослава на голот.
Капитенот Алесандро Голинучи за момент стана херој на најслабопласираната репрезентација на ранг-листата на ФИФА, откако израмни против Данска на 1:1 во 61. минута од квалификацискиот натпревар за ЕП. Сан Марино го загуби натпреварот со 1:2, а стрелци за победниците беа Расмус Хојлунд и Јусуф Поулсен.
Фото/ Profimedia
Текстот (Видео) Вака се радува Сан Марино кога ќе постигне гол е превземен од МАКФАКС.