Марко Верати (30) по 11 години го напушти Пари Сен Жермен. Италијанецот во Париз пристигна во јуни 2012 година.
Верати кариерата ја продолжи во Ал Араби. Ви изјава за локалните медиуми, рекол дека решил да го напушти Пари Сен Жермен во летниот преоден рок, бидејќи новиот тренер на францускиот шампион Луис Енрике му рекол дека не смета на него оваа сезона.
„Разговарав со Енрике, тој ми кажа дека не сум дел од неговите планови. Тој е одличен тренер, ја почитувам неговата одлука. Ми кажа дека сум долги години во ПСЖ и дека сака некои промени. За мене работите никогаш не се случуваат случајно“, изјави Верати.
Италијанскиот фудбалер за ПСЖ одигра 416 натпревари и постигна 11 голови.
„Не сакав да одам во друг тим во Европа, затоа што во одреден момент сигурно ќе играв против ПСЖ. Решив да живеам во Париз по завршувањето на кариерата. Моето семејство остана таму. Во Париз доаѓам секогаш кога имам слободно време“, додаде Верати.
Текстот Верати: Поради Луис Енрике заминав од ПСЖ е превземен од МАКФАКС.