Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на државата

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Универзитетскиот професор Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на државата на претстојните претседателски избори.

Тој за „Макфакс“ ја потврдува кандидатурата а намерата за поднесување на истата, Марковски официјално ќе ја објави в четврток, на 19 октомври.

За да влезе во трката за избор на претседател на државата, тој ќе треба да собере 10.000 потписи или да биде поддржан од најмалку 30 пратеници.

Поголемите партии сè уште немаат објавено кој ќе биде нивниот кандидат за шеф на државата.

Петгодишниот мандат на актуелниот претседател Стево Пендаровски истекува на пролет следната година.

Согласно Уставот, за претседател на државата може да биде избрано лице кое на денот на изборите наполнило најмалку 40 години живот.

Кандидат за претседател можат да предложат најмалку 10. 000 избирачи или најмалку 30 пратеници.

Текстот Вело Марковски ќе се кандидира за претседател на државата е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn