Вечерва ќе биде познат првиот финалист во Лигата на шампионите. Полуфиналниот реванш ќе го одиграат ПСЖ и Борусија Дортмунд. Германскиот тим реваншот во Париз ќе го започне со предност 1:0.
Вечерашниот натпревар ќе биде четврти за ПСЖ и Борусија оваа сезона. Двата тима беа ривали и во фазата по групи, во Дортмунд немаше победник, а во Париз „светците“ славеа со 2:0. Победа со ваков резултат вечерва би го лансирала ПСЖ во финалето.
„Наша цел е пласман во финалето, а за да стигнеме до него ќе мора да бидеме подобри од извонредниот Дортмунд. Секогаш има простор за напредок и мора да работиме на тоа. За три секунди може да се постигнат два гола, но во исто време и да се примат. Одиме на победа“, рече тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.
ПСЖ во одбраната ќе го нема Лукс Ернандез, кој се повреди во Дортмунд. За него оваа сезона е завршена, а веројатно ќе го порпушти и Европското првенство.
Од друга страна треерот на Борусија ги има сите фудбалери на располагање.
„Треба да се заслужи пласманот во финалето. Ни треба нерешено, но сакаме да победиме. Имаме мала предност и одлична можност. Ќе мораме да дадеме се од себе, да имаме добар план и добра идеја. Очекувам дека ПСЖ ќе биде подобар отколку на првиот натпревар, но ние сакаме место во финалето“, изјави тренерот на Дортмунд, Един Терзиќ.
Натпреварот на „Паркот на принцовите“ ќе започне во 21 часот, судија ќе биде Даниеле Орсато од Италија. Ќе му помагаат Чиро Карбоне и Алесандро Џалатини, додека четврти судија е Давиде Маса.
Во ВАР собата ќе биде Масимилијано Ирати, а помошник е Паоло Валери.
Текстот Вдечерва ќе го добиеме првиот финалист во Лигата на шампионите е превземен од МАКФАКС.