Бруно Гимараеш доби нов договор

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Бразилскиот фудбалер Бруно Гимараеш потпиша нов договор со Њукасл, објави денеска англискиот клуб на својата официјална веб-страница.

Како што е соопштено Гимараеш (25) потпиша нов договор и се обврза да остане во Њукасл до јуни 2028 година.

Во новиот договор откупната клаузула изнесува 100 милиони фунти.

Бразилецот, во Њукасл дојде од Олимпик Лион. За клубот одигра 67 натпревари во сите натпреварувања и постигна 11 голови.

Текстот Бруно Гимараеш доби нов договор е превземен од МАКФАКС.