Британската пошта издава нови поштенски марки со ликови од „Хари Потер“

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Магичниот свет на Хари Потер треба да се појави на новите поштенски марки во Велика Британија откако UK Post одлучи да му оддаде посебна почит на познатиот книжевен и филмски лик.

Кралската пошта (Royal Mail) издава 16 посебни поштенски марки вклучувајќи и главен сет од 10 марки со сцени и ликови од познати романи, како „Хари Потер“, „Хермани Грејнџер“, „Лорд Волдеморт“ и други. Другите шест марки ќе прикажуваат суштества од светот на волшебниците.

Фонтот што се користи за означување на вредноста на марката го повторува оној што се користи за формата на букви за филмот. „Приказните и филмовите за Хари Потер станаа модерни класици во светот“, изјави Дејвид Голд, претставник на поштата.

„Повеќе од две децении ликовите од серијалот за Хари Потер нè освојуваат и нè одржуваат маѓепсани“, додава Голд.

„Секоја марка е минијатурно ремек-дело, соодветна почит за одбележување на кулминацијата на битката кај Хогвортс“, објаснува претставникот на UK Post.

Поштенските марки ќе бидат пуштени во продажба на 19 октомври.

Текстот Британската пошта издава нови поштенски марки со ликови од „Хари Потер“ е превземен од МАКФАКС.