24-годишна жена загина во трагичната несреќа, кога автобус излета од патот кај Венеција, која, како што пренесува хрватски „Индекс“, била бремена.
Според информациите на порталот, станува збор за 24-годишна трудница која била на меден месец со својот сопруг. Тој е на интензивна нега во тешка состојба.
Како што пишува медиумот, станува збор за брачен пар од Сплит кој се венчал пред три недели.
Засега, според написите, е познато дека загинале најмалку 21 лице, меѓу кои пет украински државјани, Германец, Французин и Италијанец.
„Во сообраќајна несреќа во Италија учествувале двајца хрватски државјани, од кои едниот за жал починал, а другиот е тешко повреден, но во моментов е стабилен“, се вели и во соопштението од хрватските власти.
Сочувство до семејството на починатиот хрватски државјанин изрази и Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска.
Исто така, се нагласува дека „Генералниот конзулат во Трст е во постојан контакт со надлежните органи и семејството и е на располагање за секаква неопходна конзуларна и друга помош во рамките на неговата надлежност“.
Според написите, најмалку 21 лице загина, а 15 се повредени во сообраќајната несреќа на туристички автобус во Италија. Во автобусот се превезувале четириесетина италијански и странски туристи кои штотуку ја посетиле Венеција.
Од сè уште неутврдена причина, возилото, кое се движело по мостот, удрило во заштитната ограда и излетало од патот, удирајќи во близина на железничката линија меѓу Местре и Маргера, два града кои се дел од Венеција.
Текстот Бремена жена од Хрватска загина во автобусот на смртта во Венеција, сопругот е во тешка состојба: парот бил на меден месец е превземен од МАКФАКС.