Боуен потпиша договор со Вест Хем до 2030 година.

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Фудбалерот на Вест Хем, Џерод Бовен, потпиша нов седумгодишен договор според кој ќе остане во лондонскиот клуб до 2030 година.

Стариот договор на Бовен истекуваше во 2025 година.

Бовен е најдобар стрелец на Вест Хем во Премиер лигата оваа сезона. Постигна пет гола во првите осум натпревари.

Тој беше стартер во сите натпревари оваа сезона во првенството, а во Премиер лигата пропушти само два натпревари од почетокот на сезоната 2020/2021 и за тоа време постигна 31 гол.

Бовен се пресели во Вест Хем од Хал во јануари 2020 година, одигра 166 натпревари во сите натпреварувања и постигна 45 гола.

Текстот Боуен потпиша договор со Вест Хем до 2030 година. е превземен од МАКФАКС.