Челниците на Баерн се откажаа од идејата да го вратата во тимот ветеранот Жером Боатенг.
Пранешниот играч на Баерн и германската репрезентација е без клуб откако во јуни му истече договорот со Олимпик Лион. Во Франција е од 2021 година, а пред тоа мина цела деценија во дресот на Баерн. Со Баварците два пати ја освои Лигата на шампионите, девет пати Бундеслигата и два пати Светското клупско првенство, а со репрезентацијата го освои и Светското првенство.
Тренерот Томас Тухел инсистираше на идејата 35. годишникот да се приклучи на германскиот шампион. На одлуката да се откаже влијаеше и тоа што против Боатенг се води постапка за напад врз поранешната девојка.
Боатенг последен пат играше пред повеќе од една година. Во својата кариера настапуваше и за Манчестер сити, ХСВ и Херта.
Текстот Боатенг нема да се врати во Баерн е превземен од МАКФАКС.