Бесплатен паркинг на повеќе места на Градски паркинг, освен на Водно

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

За време на утрешниот празничен ден, по повод 11-Октомври, Денот на народното востание над фашизмот, јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), кадешто продолжува редовно работно време 09:00 – 16:00 часот.

Јавните паркиралишта пак, Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот.

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на сите граѓани на Републиката им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание над фашизмот!

Текстот Бесплатен паркинг на повеќе места на Градски паркинг, освен на Водно е превземен од МАКФАКС.

Facebook
Twitter
LinkedIn