Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека би ја поддржал одлуката на работната група ако евентуално му ги намалат месечните примања.
Прашан од новинарите дали се согласува да му биде намалена платата, министерот рече дека неговите лични приходи се во анкетниот лист и сите ги знаат.
„Дали е важно или колку е важно да биде висината, секој одлучува посебно. Транспарентно го објавив мојот анктерен лист. Ако работната група одлучи некакво решение во делот на намалување или замрзнување, од моја страна ќе биде поддржана како член на владата“, рече Бектеши.
Претходно вчера, премиерот Димитар Ковачевски говорејќи за новиот модел за пресметка на платите изјави дека новото решение треба да се усогласи со многу страни оти не се носи одлука само за платите на министрите, туку и за градоначалниците, судиите, обвинителите, пратениците.
Уставниот суд во март годинава ја донесе одлуката со која 78 проценти се зголемија платите на 1.050 избрани и именувани лица. Во меѓувреме, на протести за поголеми плати излегоа и сè уште излегуваат здравствените работници, судските работници, пензионерите, а студентите се пожалија дека гладуваат додека функционерите се луксузираат со зголемување на и онака високите плати.
Текстот Бектеши нема против работната група да му ја намали платата е превземен од МАКФАКС.