Бектеши: Мерките даваат резултат, инфлацијата за еден месец преполовена, трошоците за живот за една година намалени 5,5 пати

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

„Мерките на Владата даваат резултат. Стапката на инфлација во октомври изнесува 3,5 % и е преполовена во споредба со претходниот месец кога растот на трошоците за живот изнесуваше 6,6 %“, објави на својот фејсбук-профил министерот за економија, Крешник Бектеши, откако Државниот завод за статистика ги објави индексите за трошоци за живот и цени на мало за октомври 2023 година.

„Трошоците за живот во делот на храна и безалкохолни пијалаци во октомври бележат раст од 1 %, што е драстично намалување во споредба со 7,8 % пресметани во претходниот месец“, пишува тој.

„Во споредба со октомври 2022 година, кога инфлацијата изнесуваше 19,8 %, за една година бележиме намалување на инфлацијата од 5,5 пати“, додава Бектеши и појасни дека Владата носи мерки во интерес на граѓаните и заштита на животниот стандард.

Текстот Бектеши: Мерките даваат резултат, инфлацијата за еден месец преполовена, трошоците за живот за една година намалени 5,5 пати е превземен од МАКФАКС.