Од 4:00 до 7:00 часот утре без струја ќе останат објектите на фирмите во кругот на поранешниот МЗТ, индустриските објекти околу кванташки пазар и сите индустриски објекти на улица „Перо Наков“.
Без струја во истиот период ќе бидат и дел од корисниците од населените места: Маџари, Сингелиќ, Стајковци, Хиподром, Трубарево, Јурумлери и Арачиново.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Текстот Без струја в недела делови од општините Гази Баба и Арачиново е превземен од МАКФАКС.