Балотели: Златан се исплаши на во Манчестер, кога си замина ја освоивме ЛШ

Последни новости

Facebook
Twitter
LinkedIn

Марио Балотели продолжи да му реплицира на Златан Ибрахимовиќ откако овој изјави дека „го отфрлил својот талент“ и ја пропуштил секоја од многуте можности што ги имал. Исто така, во разговор за „Газета дело Спорт“, од Ибрахимовиќ беше побарано да ги спореди Балотели и напаѓачот на Милан, Рафаел Леао, на што тој рече дека тие се неспоредливи и дека Леао е „генијалец“.

Балотели најпрво одговори со објавување слика на Инстаграм со трофејот во Лигата на шампионите. Балотели го означи Ибрахимовиќ за да знае дека порака заминала на вистинска адреса. Инаку, Ибрахимовиќ никогаше не ја освоил ЛШ.

Балотели, играч на Адан Демирспор, се огласи и по изјавата на Ибрахимовиќ, односно споредбата што ја направи.

„Ти се плашеше во Манчестер, а јас сакав да победам. Следната година ја освоивме Лигата на шампионите. Но, Златан и јас тебе те сакам“, напиша Балотели, алудирајќи на осминафиналето на Лигата на шампионите во 2009 година помеѓу Манчестер јунајтед и Интер.

Јунајтед победи со 2:0 на „Олд Трафорд“ и го елиминира Интер, чиј напаѓачки тандем го сочинуваа Ибрахимовиќ и Балотели. Ибрахимовиќ по таа сезона замина во Барселона, а Интер веднаш ја освои Лигата на шампионите.

Текстот Балотели: Златан се исплаши на во Манчестер, кога си замина ја освоивме ЛШ е превземен од МАКФАКС.